Хорхе Гарбахоса
Од Википедија, слободна енциклопедија
Хорхезе Гарбахоса Чапаро Џуниор (шпански: Jorge Garbajosa) е шпански крилен центар кој настапува за тимот на Торонто Рапторс во американската НБА лига. Тој ја започна својата кариера во Шпанија во Тау Виторија во 1995, со кој ја освои домашната лига во 1998. Тој настапуваше и за Бенетон Тревизо под водство на Маурицио Џерардини, со кој подоцна се сретна и во Торонто, и Мајк Дантони од Феникс. Во 2005, се пресели во Торонто, каде имаше солидна прва сезона и стана миленик на навивачите, но се повреди пред „плеј-оф“от во март 2008, и до летото 2008 не се опорави. Се очекува да ја продолжи кариерата во Шпанија.
Репрезентативно, тој го освои златниот медал на Светското првенство во кошарка во 2006, а придонесе и за сребрените медали на европските првенства во 2003 и 2007 и бронзениот во 2001. Џорхе конзистентно ја приоритезира репрезентацијата пред клубската игра, и настапува за Шпанија на секоја дадена прилика. Тој дури се откажа од неколку милиони долари во Торонто за да можи да настапи за Шпанија на Олимписките Игри во 2008