Трговска политика
Од Википедија, слободна енциклопедија
Трговската политика ги опфаќа сите мерки кои државата ги презема за да ги регулира трговските односи со другите држави, односно странство. Со цел да се оцени економската и политичката опревданост на трговската политика, особено е важно да се утврди кој добива а кој губи во трговската размена. Современата трговска политика во основа е протекционистичка. Протекционизмот и рестрикционизмот постојано се присутни во меѓународната трговска размена. Во настојувањето да обезбеди стабилен економски развој и да постигне внатрешна и надворешна рамнотежа, трговската политика е насочена кон остварување на економските цели: целосна вработеност, платнобилансна рамнотежа и ефикасно искористување на раположливите ресурси.
[уреди] Видете исто така
- Бизнис
- Компаративна предност
- Апсолутна предност
- Трговија
- Увоз
- Извоз
- Листа на меѓународни трговски теми
- Јавна размена
- Трговска блокада
- Трговска рута
- Трговска војна