Сексуалност
Од Википедија, слободна енциклопедија
Човековата сексуалност претставува израз на сексуалните чувства.
Како таква, човечката секусалност е под влијание на хормоналните прометни во развојот на фетусот за време на бременост. Се смета дека начинот на сексуално изразување е генетска предиспозиција, но и дека голема улога играат личните искуства во младоста.
Човечката сексуалност може да се разбере и како дел од социјалниот живот на луѓето, воден од имплицитни правила на однесување и статус кво. Во овој смисол, сексуалноста може да влијае на општествените норми додека од друга страна општеството може да влијае на начинот на кој сексуалност се искажува. Со популаризацијата на мас медиумите, сексуалноста уште повеќе ги обликува средините во кои живееме, и таа доаѓа во често стереотипна форма, комерцијализирана во печатот, визуелните и звучните медиуми.
Човечката сексуалност се разликува од полов идентитет. Половиот идентитет е поширок збир на улоги од сексуалниот идентитет. Полот може да биде обликуван од општеството на кое еден поединец е изложен како дете, на пример, авторитативна личност (учителка, постар другар) или личност со блиски емотивни врски (мајка, татко) што на мало момче му дава играчка камион а на девојче кукла и дава совети или поставува услови за однесување како „право“ девојче или машко. Човечката физиологија и обликување на полот прават одредени форми на сексуално изразување можни, но не предвидува дека сексуалното однесување и во иднина ќе биде прифатено како соодветно за полот.
Човечкиот избор за формата на својот сексуален живот обично се прави во однос на моменталните културни, социјални и верски норми. На пример, некои индивидуи апстинираат од секс пред брак затоа што нивната религија им забранува. Во некои култури, прифатливо е за маж да има повеќе жени додека во други бигамија и полигамија се осудени и казниви со закон.
[уреди] Теми за човечката сексуалност
- Адолесценција
- Пубертет
- Сексуална ориентација
- Сексуални чинови и навики
- Флерт
- Бакнеж
- Мастурбација
- Сексуален акт
- Орален секс
- Анален секс
- Групен секс
- Сајберсекс
- Садо-мазохизам
- Егзибиционизам и Воајеризам
- Социо-културни аспекти
- Еротика
- Порнографија
- Проституција
- Секс во реклами
- Сексуален морал
- Сексуален сленг
- Стереотип
- Средства за потенција и ерекција
- Сексологија (наука за секс)
- Хомофобија
- Хетерофобија
- Хомосексуалност и психологија
- Еротицизам
- Фетишизам
- Сексуален речник
- Интерсексуалност
- LGBTQ
- Лезбејка
- Геј маж
- Бисексуална личност
- Queer
- Хетеросексуална личност
- Пол
- Род
- Родов идентитет
- Родово изразување
- Трансродни личности
- Трансфобија
- MTF
- FTM
- Транс
- Трансвестит
- Cross-dressing
- Drag
- Drag King
- Drag Queen
- Butch
- Интерполова личност
- Андрогена личност
- Сексуален криминал
- Силување
- Сексуално малтретирање
- Сексуално преносиви болести
- Сексуални органи
- Машка репродуктивна физиологија:
- Сперматогенеза
- Ерекција
- Ејакулација
- Женска репродуктивна физиологија:
- Генетска модификација и унакажување
- Кастрација
- Машко обрежување
- Женско обрежување
- Поврзани медицински полиња
- Андрологија
- Ендокринологија
- Гинекологија
- Урологија
- Поврзани предмети