Р.Ц. Бјуфорд
Од Википедија, слободна енциклопедија
Р.Ц. Бјуфорд (англиски: R. C. Buford) e американски кошаркарски менаџер, моментално главен менаџер на НБА гигантот Сан Антонио Спарс, од 2002, кога беше унапреден од претседателот на тимот, кој сеуште е тренер на „Спарси“. Претходно, тој беше заменик менаџер од само 1999 година, а претходно беше „извидник“ од 1994, кога прво се приклучи на тимот. Тој беше и кошаркарски тренер во американските колеџи НЦАА, а претходно и играч. Под негово водство, Сан Антонио освоија титули во 2003, 2005 и 2007.