Web - Amazon

We provide Linux to the World

ON AMAZON:


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Покајание (филм) - Википедија

Покајание (филм)

Од Википедија, слободна енциклопедија

Покајание
(Atonement)
Режија: Џо Рајт
Продуцент: Тим Беван
Сценарио: Иан МекЕван (приказна)
Улоги: Џејмс МекАвој
Кира Најтли
Саоирс Ронан
Ромола Гараи
Ванеса Редгрејв
Музика: Дарио Марианели
Жанр: драма, романтика
Дистрибутер: Universal Pictures
Премиера: 7 септември 2007 Обединето Кралство Обединето Кралство
7 декември 2007 Знамето на САД САД
Времетраење: 123 мин.
Земја: Обединето Кралство Обединето Кралство
Јазик: англиски
All Movie Guide-профил
IMDb-профил

Покајание (англиски: Atonement) е драма – романтика филм од 2007 год. Овој филм е адаптација на истоимената новела на Иан МекЕван, во кој се појавуваат како главни ликови, Кира Најтли и Џејмс МекАвој. Филмот е добитник за најдобар филм на 65те награди Златен глобус.

Содржина

[уреди] Приказна

Филмот се состои од четири целини, кои одговараат на поделбата во книгата на МекЕван, и готово во потполност го следи дејството од изворниот роман. Интересно е тоа што некои сцени се повеќе пати прикажани, но од различни перспективи и гледани од други очи.

[уреди] Прв дел

Покајание започнува на еден летен топол ден во 1935, на имотот на доброфинансираната фамилија Талис. Најмладото дете, 13-годишната Бриони, има изразен талент за пишување и многу е врзана за својата постара сестра Сесилија (Кира Најтли), која штотуку се вратила дипломирајќи на Кембриџ. Роби Тарнер (Џејмс МекАвој), е пријател на Сесилија од детството и син на семејната слугинка, кој исто така се вратил од Кембриџ, и тоа како најдобар студент во својата година. Школувањето му го платил таткото на Сесилија, гледајќи го неговиот талент и желбата за знаење. Роби одлучил да го помине летото како градинар на имото на фамилијата Талис, а потоа да се запише на студии за медицина.

Семејниот имот моментално е многу бучно и полно. Тука се и мајчините внуци: 15-годишната Лола Квинси со своите двајца млади браќа близнаци, во посета на тетката како би полесно да го пребродат родителскиот развод. Леон, третото и најстарото дете на фамилијата Талис, исто така силно се очекува, а со себе ќе го поведе и пријателот Пол Маршал, газда на фабриката за чоколада која склопила договор со британската војска. Овде е назнака на денот дека Британците очекуваат избивање на Втората светска војна, иако многумина од нив во тоа не веруваат. За крај на денот испланирана е посебна вечера по повод на семејното собирање, на која Леон весело го поканил и Роби (кој пред малце, кај фонтаната, се скарал со Сесилија).

Бриони штотуку го завршила пишувањето на текстот за претставата по име Истражувањата на Арабела, во чија изведба ја вклучила и братучедата Лола и близнаците. Но договорот со роднините околу тоа кој кого ќе глуми во претставата пред Леон и остатокот на фамилијата не беше ниту малку лесен. Фрустрирана, Бриони се повлечува во својата соба, и случајно погледнува покрај прозорот према фонтаната во градината позади куќата, и станува сведок на значаен поглед. Впрочем, Роби и Сесилија се скарале околу старата, вредна вазна која таа ја завртила да ја наполни со вода, а Роби, сакајќи да и помогне, случајно ја скршил. Лутата Сесилија тогаш пред него се соблечила во долна облека и заронила во фонтаната во потрага по одскршеното парче. Гледајќи ја како излегува, натопена со вода, во проѕирна долна облека, Роби сфаќа дека е заљубен.

Тој момент на сексуална тензија помеѓу Роби и својата сестра, а не гледајќи ја претходната караница поради вазната, Бриони потполно погрешно ја сфатила. Не сфаќајки дека тие се заљубени еден во друг и дека затоа чудно и неразумно се однесуваат (иако ни сами тогаш не беа сигурно во своите чувства), погледот го сфатила како агресивност на Роби и слепото покорување на Сесилија кон неговите заповеди. Роби е лут што Леон го наговорил да дојде на свечената вечера и, да малку ја изгладни ситуацијата со Сесилија, одлучува да и напише писмо како извинување. Присетувајќи се на сцените кај фонтаната и полуголата Сесилија, од зафрканција напишал и една многу еротска верзија на писмото, во кое и ги открива неа своите еротски фантазии. Го облече своето единствено одело, го зема писмото со извинување и се упати на вечера. Патем ја сретнал Бриони сама и ја замолил да и го предаде писмото на сестра и, но кога девојчето веќе отрчала кон кучата, сфати дека под забуна и го дал еротското писмо. Бриони потајно го прочитала писмото и се згрозила, па после што и го дала и на братучедата Лола да го прочита, погрешно заклучила дека Роби е сексуален манијак и дека Сесилија е веројатно во опасност. На изненадување на Роби, писмото ниту малку не ја навреди Сесилија; дури и ја охрабрило бидејќи ја сфатила причината поради своето неразумно однесување. Била лута само на Бриони бидејќи знаела дека е писмо, давајќи и го неа без пликото, го прочитала.

Роби и Сесилија се повлекле во семејната библиотека пред вечерата, и страствено прв пат воделе љубов во замрачената просторија. На нивна несреќа, Бриони ги затекнува, гледајќи ја Сесилија приклештена помеѓу Роби и полицата со книги, сексот го заменила со напад на сестрата.

За време на вечерата заљубениот Роби и Сесилија се држаат за рака под масата, а бесната Бриони му добацува злобни коментари на Роби пред целата фамилија (но не спомнува што видела во библиотеката). Цела вечер добива нов тек кога се претпоставува дека близнаците побегнале. Сите, освен мајката, Емили Талис, одат во ноќна потрага за децата на големиот имот. Бриони оди сама и покрај патот во мракот наидува на човек во смокинг кој ја силува нејзината братучеда, Лола. Мажот побегнува, а силуваната Лола, поради траумите и мракот, не го видела кој е напаѓачот. Сепак, Бриони успеала да ја увери дека мажот, ‘сексуален манијак’, кој пред тоа ја ‘нападнал’ нејзината сестра во библиотеката, е Роби Тарнер.

Во меѓувреме на имото стигнува и полицијата, на која Бриони и раскажала се за силувањето на Лола. Сите, освен Сесилија, се уверени дека Бриони го видела Роби како напаѓач. Нештп подоцна, Роби стигнува со двајцата избегани деца во прегратките и, не сфаќајки што се случува, му ставаат лисици на рацете и е пратен во затвор.

[уреди] Втор дел

Приказната на филмот потоа продолжува во 1939 год, на почетокот на Втората светска војна. Роби во меѓувреме е пуштен од затвор, но само поради приклучивање на британската војна. Со уште двајца војници се крие на таванот на една куќа во Франција, после што останатите се одсечени од своите единици во текот на германските напади. Овде, во флешбековите помеѓу воините страдања, дознаваме дека Роби после затворот а пред заминувањето на боиштето се сретнал со Сесилија во Лондон. Таа во меѓувреме се скарала со целата фамилија и отишла во главниот град да работи како медицинска сестра. Пред враќањето на должноста, Роби и ветува дека ќе се врати, а таа него дека ќе го чека. Се забавувале во куќата на плажата, која она ја резервирала за нив двајца на две недели, а во која планира да отидат после што тој ќе се врати. Но Роби завршил на француското војниште. Било прашање денот кога Франција ќе падне и Британците масовно се повлекувале спрема Дункирк. Сериозно ранетиот, Роби непрекинато мисли само на куќата на плажата, и со двајцата војници го барал патот спрема Дункирк, каде сите требале да бидат евакуирани и префрлени во Велика Британија. Кога конечно докопале до плажата им било речено дека евакуацијата ќе биде следниот ден, и тогаш Роби конечно успеал да заспие.

[уреди] Трет дел

Во третиот дел на филмот ја следиме 18-годишната Бриони, која исто така се приклучила во медицинскиот центар во Лондон. Се обидувала да контактира со Сесилија по пат на писма, но безуспешно. Сесилија одбива било каков контакт, обвинувајќи ја сестрата за заминувањето на Роби во затвор, а и остатокот на фамилијата кои поверувале во неговата виновност.

Бриони во болницата учи како да стане медицинска сестра и наскоро се среќава со дакиршкото евакуирање. Многу од војниците се смртно ранети и умираат, а Бриони во секој го гледа Роби и размислува дали е жив и дали ќе се појави во нејзината болница. Во една сцена, млад Французин со смртна рана на главата умира додека таа се обидува да го утеши.

После што преку телевизија дознава дека ‘чоколадниот богаташ’ Пол Маршал добро профитирал од воината и дека се жени со нејзината братучеда Лола, Бриони одлучува да присуствува непоканета на венчавката. Повеќе не е дете и потполно е свесна на катастрофата која ја причинила обвинувајќи го невиниот човек за злосторство кое не го направил. Сега, со 18 години, Бриони дознава кој ја силувал Лола онаа летна ноќ, но пред тоа не сакала да верува во тоа. Силувателот е Пол Маршал, а Лола тоа не сакала да го признае.

На денот на венчавката Бриони собрала сила и ја посетила сестрата Сесилија во нејзиниот стан како би се обидила да ја исправи својата оптужба. Роби, кој е евакуиран од Дункирк, пробуден од буката на сестринската караница, излегува од спалната соба на Сесилија. Видливо е поинаку; затворот и војната го промениле тотално. Бесно се соочува со Бриони, воздржувајќи се да не ја удари. Сесилија го смирува и потоа тие двајца од Бриони бараат да им ја каже вистината на фамилијата и полицијата, како би се исчистила лагата од неговото име. Роби инсистира да напише детално во писмото што се случило, зашто лажела и да им го покаже, а потоа да го увери кај правник. И додека Сесилија и Роби претпоставуваат дека виновникот за силувањето на Лола, е член на послугата на фамилијата Талис, Бриони им вели дека починителот е Пол Маршал, кој сега веќе не може да одговара за својот криминал бидејќи жртвата се венчала за него.

[уреди] Четврти дел

Филмот завршува со 77-годишната Бриони (Ванеса Редгрејв), позната писателка, која во интервју говори за својот најнов, сеуште неиздаден, роман Покајание. За време на интервјуто дознаваме дека полека умира од еваскуларна деменција, и дека најновиот роман воедно и нејзин последен, иако го започнала да го пишува пред повеќе од 60 години. Бриони признава дека романот е автобиографски, но дека крајот е многу поубав него ли што навистин бил. Дознаваме дека во стварност Бриони не можела да собере сила и да се соочи со Сесилија и вистината. Ни открива дека Роби не ја доживеал евакуацијата; умрел од шок на 1 јуни 1940., последната евакуациска ноќ. Сесилија се удавила во подземна железница во октомври истата година, за време на германските напади во Лондон.

Бриони изразила длабоко жалење и кривицата поради катастрофата која ја причинила и изјавила дека романот Покајување, е оној во кој дала друг завршеток, била и нејзина шанса да на сестрата и Роби им понуди надеж и среќа која ја заслужиле, а таа им ја одземала. Тој роман е и нејзино појанување за своето непоправливо детско однесување.

Филмот завршува со погледот на среќен момент во кој Роби и Сесилија можеле да го имаат и дека работите се одвивале во различен тек. Позадината е идилична на моментот превземена од разгледницата која Сесилија му ја дала на Роби во Лондон, а го прикажува местото на англиската плажа на која тие можеле да бидат среќни заедно.

[уреди] Номинации и награди

[уреди] Златен глобус

Најдобар филм (награда)
Најдобра оригинална музика (награда)
Најдобра режија во драма филм (номинација)
Најдобар главен актер во драма филм (номинација)
Најдобра главна актерка во драма филм (номинација)
Најдобра споредна актерка во драма филм (номинација)
Најдобро сценарио за драма филм (номинација)

[уреди] Оскар

Најдобар филм (номинација)
Најдобра актерка во споредна улога (номинација) Саоирсе Ронан
Најдобро адаптирано сценарио (номинација)
Најдобра уметничка режија (номинација)
Најдобра кинематографија (номинација)
Најдобри костуми (номинација)
Најдобра оригинална музика (награда)

Static Wikipedia 2008 (March - no images)

aa - ab - als - am - an - ang - ar - arc - as - bar - bat_smg - bi - bug - bxr - cho - co - cr - csb - cv - cy - eo - es - et - eu - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - frp - fur - fy - ga - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - jbo - jv - ka - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - ms - mt - mus - my - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nn - -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -
https://www.classicistranieri.it - https://www.ebooksgratis.com - https://www.gutenbergaustralia.com - https://www.englishwikipedia.com - https://www.wikipediazim.com - https://www.wikisourcezim.com - https://www.projectgutenberg.net - https://www.projectgutenberg.es - https://www.radioascolto.com - https://www.debitoformativo.it - https://www.wikipediaforschools.org - https://www.projectgutenbergzim.com