Насмеаниот кавалер
Од Википедија, слободна енциклопедија
Насмеаниот кавалер (1624) е славна слика од холандскиот барокен сликар Франс Халс. Моменталниот наслов ѝ е всушност измислен во Викторијанското доба; човекот на сликата впрочем дава енигматична насмевка. Композицијата е жива и спонтана, но и покрај очигледниот труд вложен во раскошната свилена облека, гледано од блиску, сликата е сликана со долги, брзи потези.
Портретот е потпишан во горниот десен агол со „Æ'TA SVÆ 26/A°1624“, што е скратено од „aetatis suae 26, anno 1624“ на латински и значи дека портретот бил изработен кога насликаниот имал 26 години во 1624 г. Неговиот идентитет не непознат; при набавката на сликата во 1865 од страна на таткото на Ричард Валас Ричард Сејмор-Конвеј, таа била едноставно наречена „Портрет на младич“. Денес таа се чува во Валаската збирка во Лондон.
Платното е со димензии 83 × 67.3 cm.
[уреди] Наводи
- Гардиан Артс - За Насмеаниот кавалер од Џонатан Џонс, сабота, 5 август, 2000. (пристапено во ноември, 2005) (англиски)