Народно оро - Тешкото
Од Википедија, слободна енциклопедија
Тешкото оро се смета за едно од најубавите и најтешките Македонски ора. За него е многу напишано и многу зборувано бидејќи представува важно дело на македонскиот музички фолклор. Географски како и носиите во кои се игра потекнува од областа Галичник во Северозападна Македонија, на планината Бистра.
Во основа потекнува од моментите кога печалбарите заминувале на печалба. Го играле на крајот од селото, на местото каде се разделувале со најблиските пред да се впуштат на патот кон непознатата исцрпувачка работа во туѓина. Но со тек на време прераснува во химна не само на печалбарството туку и на сета тежина и горчина собрана во Македонските души низ безбројните векови робување.
Орото претставувало инспирација за многу уметници како за поетот Блаже Коневски со поемата Тешкото така и за композиторот Тодор Скаловски со хорската композиција Македонско оро.