Криминал
Од Википедија, слободна енциклопедија
Криминал е акт од страна на физичко или правно лице кое свесно постапува (постапило) во спротивност со законите и Уставот на територијата на која се наоѓа, и кое ја продолжува таа активност во сопствена полза.
Во историјата се познати многу криминални дела. Дури до толку што не е можно да се споменат сите тука дури и да постои волја. Да спомнеме само неколку општопознати примери: трговија и шверц со луѓе, шверц на дрога и други недозволиви супстанци, црн пазар, црна економија, итн.
Мора да се напомене дека криминално дело е секое дело кое сериозно ги нарушува законите и Уставот на територијата во која е предизвикано, и не мора да биде продолжено. Оттука можеме да заклучиме дека паркирање на автомобил на погрешно место не е криминално дело, но носење марихуана преку македонска граница е.