Интернет прелистувач
Од Википедија, слободна енциклопедија
Интернет прелистувач или поточно разгледувач (Internet browser) е компјутерска програма со која можат да се разгледуваат документи и страници кодирани во хипертекст мета јазик (HTML - Hyper Text Meta Language).
HTML документите можат да бидат достапни (снимени) локално на компјутерот, но може и да се наоѓаат снимени на оддалечен компјутер со кој локалниот компјутер е поврзан преку компјутерска мрежа и може да комуницира со помош на HTTP (Hyper Text Transfer Protocol) протокол за пренос на хипер текст документи. Во тој случај локалниот компјутер на кој работи Интернет прелистувачот се нарекува клиент, а оддалечениот компјутер каде што се наоѓа HTML документот што сакаме да го разгледаме се нарекува сервер.