Делфи
Од Википедија, слободна енциклопедија
Делфите (грчки: Δελφοί) претставуваат археолошки објект и град во Република Грција. Во времето на Древна Грција овој град бил еден од водечките религиозни центри бидејќи таму се наоѓал прочуеното, оракулот на богот Аполон. Светилиштето било најпочитано место во древноста од страна на старите грци. Во Делфи има и храмови на богови, централен од кој е оној на Аполон, стадион, театар. Од 6 век п.н.е. на ова место се проведувале Питиските игри.
Во денешно време зидините односно останките од Делфите претставуваат туристичка атрактивност и дел од списокот на УНЕСКО прогласено за светско наследство. Денешниот град Делфи се наоѓа на околу еден километар од стариот.