Геоархеологија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Геоархеологија е наука со чија помош може да се интерпретира културниот развиток на некој регион исклучиво врз база на податоците добиени од геолошкиот материјал и примената на геолошките методи. Од друга страна. Потекнува од зборовите геологија (грч. геа - земја, логос - наука) која представува наука за развојот, составот и градбата на Земјината кора,, и археологија - наука која ги изучува материјалните остатоци, односно сите видливи траги на човечката дејност заради запознавање на нивната содржина во одредено време и простор, како и заради нивното значење во одредено социјално, економско и историско опкружување.
Геоархеологијата во контекст на еден истражуван археолошки локалитет, се вклучува преку проучувањето на седиментите и почвите, како и геоморфолошките процеси кои учествувале во нивното формирање.
Седиментите и почвите се важни бидејќи во нивната внатрешна структура се зачувани единствените докази за реконструкција на човековото минато, артефактите и екофактите. Со проучување на седиментите се занимаваат профили на истражувачи т.н. геолози-седиментолози, како дел од Седиментологијата и нејзините методи. Седиментолошките методи се цел на низа теренско-лабараториски постапки во кои се користат и многу други геолошки дисциплини.