Бакари Сања
Од Википедија, слободна енциклопедија
Бакари Сања | ||
Лични податоци | ||
---|---|---|
Датум на раѓање | 14 февруари 1983 | |
Место на раѓање | Сенс, Франција | |
Висина | 176 cm | |
Позиција | Бек | |
Клубови | ||
Сегашен клуб | Арсенал | |
Бројка | 3 | |
Сениорски клубови1 | ||
Години | Клуб | Меч (гол)* |
2002–2004 2004–2007 2007– |
Оксер Б Оксер Арсенал |
87 (0) 29 (1) |
34 (1)
Репрезентација2 | ||
2002–2006 2007– |
Франција под 21 Франција |
2 (0) |
28 (0)
1 Натпревари и голови |
Бакари Сања, (роден на 14 февруари 1983 во Сенс, Бургоњ) е Француски репрезентативец во Фудбал со Сенегалско потекло, кој игра во одбраната. Во моментов настапува за Арсенал. Неговиот братучед Ибрахима Сонко исто така игра во Премиер Лигата, за Ридинг.[1]
Содржина |
[уреди] Клубска кариера
[уреди] Оксер
Сања имаше 87 настапи во Француската Лига 1 за Оксер ибеше дел од составот кој го освои Францускиот Куп во 2005. Исто така играше и во Купот на УЕФА во сите три сезони кога настапуваше за првиот тим, постигнувајќи вкупно 17 настапи во ова натпреварување. Сања беше именуван и во тимот на сезоната на Лига 1 за неговите одлични изведби на позицијата на десен бек.
[уреди] Арсенал
[уреди] Сезона 2007-08
На 12 јули 2007, Сања направи трансфер во Арсенал за неоткриена сума, се претпоставува дека се работи за почетни 6,1 милион фунти (9 милиони евра) кои би можеле да достигнат до 7,45 милиони фунти (11 милиони евра).[2] Го носи дресот со број 3, кој до неодамна беше носен од Ешли Кол и миленикот на навивачите Најџел Винтербурн.[3]
Своето деби за Арсенал Сања го имаше на 19 јули 2007 во стартниот состав кој го победи Турскиот Генчербирлиги со 3:0 на пријателски натпревар на стадионот Бад Валтерсдорф во Австрија.[4]
Во Премиер Лигата, Сања дебитираше, повторно како стартер, во победата од 2:1 против Фулам на Стадионот Емирати, и повторно импресионираше со својата изведба. Французинот, иако омилена позиција му е десен бек, добро се снаоѓа и како централен стопер, лев бек и во средниот ред. И покрај тоа што неодамна се пресели во Премиер Лигата сепак успеа да му ја заземе позицијата на Емануел Ебуе, кој беше преместен на десно крило.
На 23 март 2008, Сања го постигна својот прв гол за Арсенал во Премиер Лигата за водство од 0:1 против Челзи ФК откако со глава ја сврте топката нафрлена од корнер. Откако тој го напушти теренот поради повреда, Арсенал го загуби натпреварот со 2:1.
[уреди] Меѓународна кариера
Сања претходно играше за тимот на Франција под 21, со кои учествуваше на Европското Првенство за играчи до 21 година во 2006.
Првиот настап за сениорскиот тим на Франција го имаше на 22 август 2007 на пријателски натпревар против Словачка, на кој Франција победи со 1:0. На натпреварот Сања влезе од клупа на местото на Франсоа Клерк по еден час игра. Натпреварувачкото деби за Франција беше на гостувањето на Фарските Острови на 13 октомври 2007 во склоп на квалификациите за Европското Првенство, Франција го доби натпреварот со 6:0, а Сања ги изигра сите 90 минути. Тоа беше и негов единствен настап на Квалификациите за ЕП 2008.
[уреди] Достигнувања
Со Оксер
- Куп на Франција - 2005
- Трофејот на Шампионите - второ место 2005
Индивидуални
- Играч на сезоната на Оксер за 2006–07
- Изгласан за најдобриот десен бек во Франција за 2006–07
- Дел од Тимот на Сезоната на Лига 1 за 2006–07
- Изгласан за најдобриот десен бек во Англија за 2007–08
Со Арсенал
- Куп Емирати 2007
- Амстердамски Турнир 2007
[уреди] Белешки
- ↑ "Сонко ја открива фамилијарната врска со Арсенал", readingfc.co.uk, 2007-11-08. Пристапено на 2007-11-08.
- ↑ „Sagna signe jeudi à Arsenal“. lequipe.fr. [Страницата е посетена на July 13 2007].
- ↑ "Сања од Оксер потпиша за Арсенал", BBC Sport, 2007-07-12. Пристапено на 2007-07-12.
- ↑ "Извештај од натпреварот", Arsenal Online, 2007-07-19. Пристапено на 2007-07-19.