Анемија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Анемија е состојба на намалување на бројот на еритроцитите и/ или количината на хемоглобинот во крвта. Причините се различни. Може да се последица на обилно крвавење или оштетување на црниот дроб и слезината при акумулација на тешки метали, дефицит на витаминот B12 и др. Се забележува и кај мали деца кои се хранат само со млеко, во кое има дефицит на железо. Симптоми на анемијата се: аритмија на срцевата работа и деградација на ткивата, како последица на намален транспорт и снабдување со кислород.