Од Википедија, слободна енциклопедија
29 јули е 210-иот ден во годината според григоријанскиот календар (211-и во престапна година). Остануваат 155 денови до крајот на годината. Шаблон:Јули 2008
1014 |
Во битката на планината Беласица, кај Струмица војската на македонскиот цар Самоил била поразена од војската на византискиот цар Василиј Втори, кој наредил околу 15,000 воени заробеници да бидат ослепени, а на секој стотти војник да му се остави по едно око за да ги води другите кај цар Самоил. Потресен од глетката, цар Самоил умрел на 6 октомври 1014 година. Четири години по неговата смрт, царството се распаднало. |
1588 |
Британската флота под команда на Лорд Хавард и Сер Франсис Дрејк ја поразува шпанската Непобедлива армада составена од околу 125 бродови, која во инвазија на Англија ја испраќа шпанскиот крал Филип II. |
1940 |
Почнува воздушната офанзива на Германија на Великa Британијa за време на Втората светска војна. |
1948 |
На стадионот Вембли во Лондон отворени се првите Олимписки игри по Втората светска војна. |
1993 |
Киргистан ја признава Република Македонија. |
[уреди] Починале
1856 |
Роберт Шуман, германски композитор и музичар, еден од најзначајните претставници на романтизмот во музиката. Особено се истакнува како автор на клавирски минијатури и соло-песни, а компонира и камерна и сценска музика, четири симфонии и една опера. Роден е на 8 јуни 1810 година. |
1890 |
Винсент ван Гог, голем холандски сликар, зачетник на пост-импресионизмот. |
1982 |
Владимир Зворник, „таткото на телевизијата“. Во 1926 година успеа електронски да ја разложи сликата. Тој придонесе телевизијата, како електронски систем да ја претвори во практичен систем во најширока употреба. Измисли повеќе од 120 електронски и електротехнички апарати. |
1983 |
Луис Буњел, француско-мексикански филмски режисер од шпанско потекло. Познат е по своите надреалистички остварувања. Има снимено 32 филмови, меѓу кои како најзначајни се издвојуваат Ангелот на смртта, Тој мрачен предмет на желбите и Дискретниот шарм на буржоазијата. Роден е во 1900 година. |
[уреди] Празници
29 јули (празници)