Тенцин Гјацо
Од Википедија, слободна енциклопедија
Тенцин Гјацо | ||
---|---|---|
Четиринаесеттиот Далај Лама | ||
Тенцин Гјацо, 14ти Далај Лама | ||
Владеење | 17 ноември, 1950 | |
Крунисување | 17 ноември, 1950 | |
Полно име | Јецун Јамфел Нгаванг Лобзанг Јеше Тенцин Гјацо | |
Роден(а) | 6 јули, 1935 | |
Кингаи, Кина | ||
Претходник | Тубтен Гјатсо | |
Кралска династија | Далај Лама | |
Татко | Чоекјонг Церинг | |
Мајка | Дики Церинг |
Тенцин Гјацо (роден 6 јули, 1935 во Кингаи) е четиринаесеттиот и сегашен Далај Лама. Неговото вистинско име е Ламо Дондруб,а подоцна го добил името Јецун Јамфел Нгаванг Лобзанг Јеше Тенцин Гјацо. Тој е религиозен поглавар со големо влијание врз религијата во Тибет. Тој го проповеда учењето Гелуг, а е и претседател на владата во егзил (во Дарамсала, Индија). Тенцин Гјацо е и добитник на Нобеловата награда за мир во 1989 година. Тој е и најголемиот будистички свештеник во светот.
Тој бил петто од шеснаесетте деца родени во земјоделско семејство во селото Такцер, Кингаи, каде што го научил дијалектот Амдо како негов прв јазик. Тој бил прокламиран како тулку (реинкарнација) на тринаесеттиот Далај Лама, Тубтен Гјатсо 2 години по неговото раѓање. Тој бил поставен на тронот како Далај Лама на 17 ноември 1950, само еден месец по изврешаната инвазија на Народната либерална армија врз Тибет.
Тој бил под воен притисок при ратификација на Седумнаесетте точки за слободата на Тибет во 1951, а тогаш тој го напуштил Тибет и отишол во Индија каде што ја формирал тибетанската влада во егзил во 1959 година. Таму тој е придружен од илјадници соработници и тој се грижи за заштита на тибетанската култура и тибетанското образование.
Тенцин Гјацо е опишан како харизматична фигура и познат говорник. Тој е првиот Далај Лама којшто патува низ светот. Таму тој помага во ширењето на будизмот ,а исто така помага и во создавањето на секуларна етика, религиозна хармонија и универзална одговорност. Покрај Нобеловата награда, тој е почесен граѓанин на Канада од 2006, а на 17 октомври 2007 е добитник на конгресниот златен медал во САД.
Содржина |
[уреди] Рани години и потекло
Тенцин Гјацо е роден во земјоделско семејство како Ламо Дондруб или Ламо Тондруп во Такцер, мало село во провинцијата Кингаи. Неговите родители Чоекјонг и Дики Церинг биле релативно богати земјоделци во однос на останатите дваесетина семејства. Главно одгледувале јачмен, елда и компир.
Неговите родители имале 16 деца, а тој бил петтото најстаро од оние коишто опстанале по детството. Најстарото дете била неговата сестра Церинг Долма, којашто била 18 години постара од него. Неговиот најстар брат Туптен Јигме Норбу (роден во 1922) е препознат како реинкарнација на високиот Лама, Такцер Ринпоче. Неговата сестра Јецун Пема во 1997 година отишла да ѝ го покаже филмот Седум години во Тибет на својата мајка. Другите негови постари браќа се Гјало Тондуп и Лобзанг Самден.
Кога имал 2 години биле испратени истражувачи за да ја препознаат реинкарнацијата на Далај Лама. Најпрвин се одлучило да се бара на југоисток,но регентот Ретинг Ринпоче сметал дека е најдобро тоа да се изврши во близина на езерото Ламо Ла-цо, потенцирајќи го Амдо како најдобро место за тоа.Тие го нашле Тондруб со играчки и остатоци коишто му припаѓале на претходниот Далај Лама, а Тондруб можел да препознае кои се од претходниот Далај Лама.
Откако бил препознаен како реинкарнација на Далај Лама тој го добил името Јецун Јамфел Нгаванг Лобзанг Јеше Тенцин Гјацо („Свет господар, славен љубезник, милосрден заштитник на верата, мудрост на океанот“). Во некои западни литератури се наоѓа и „Неговата светост Далај Лама“.
Своето монашко образование Тенцин Гјацо го започнал на 6 години. Тој имал два главни учители.Главен сниорски учител му бил Јонгѕин Линг Ринпоче, а главен јуниорски учител Јонгѕин Тријанг Ринпоче. На 11 години тој се сретнал со австрискиот планинар Хајнрих Харер, откако веќе го шпионирал со својот телескоп. Хајнрих Харер станал еден од најдобрите негови учители од странство. Овие двајца останале пријатели сѐ до смртта на Харер во 2006. Во 1959 година тој го имал својот последен испит во храмот Јоканг во Ласа за време на одржувањето на фестивалот Монлам. Тој бил награден со степенот Ларампа, којшто е највисок геше во будистичката философија.
[уреди] Животот како Далај Лама
Покрај тоа што е диховен водач, Далај Лама е и политички водач во Тибет. Во 1939 година, тој бил однесен во Ласа каде што и официјално бил прогласен за Далај Лама, а своето детство го поминал во Потала и Норбулинка.
На 17 ноември 1950,н а 15-годишна возраст Тенцин Гјацо бил поставен на тронот како четиринаесетти Далај Лама и покрај конфликтот на Тибет со Кина. Неговото владеење, сепак било кратко. Во октомври истата година, само еден месец пред неговото поставување кинеските војски лесно навлегле во Тибет, без посериозен отпор од тибетските вооружени сили.
Далај Лама испратил делегација во Пекинг иако под влијание на Народната либерална армија тој бил приморан да ги ратификува Седумнаесетте точки за слободата на Тибет. Во септември 1954 година тој заедно со десеттиот Панчен Лама отишле во Пекинг каде што се сретнале со Мао Це Тунг. Во 1959 година имало голема побуна помеѓу Тибетанците. Се зборувало дека кинеските власти планираат да го убијат Далај Лама којшто на 17 март отишол во Таванг, Индија, а веќе на 31 март длабоко навлегол во Индија.
[уреди] Животот во егзил во Индија
Во Индија, Далај Лама се сретнал со индискиот премиер Џавархарлал Нехру со цел да добие подршка од Индија во отпорот против Кина. Меѓутоа Нехру не сакал да ги влоши односите со Кина, па го охрабрил Тенцин Гјацо да работи на седумнаесетте точки за слободата на Тибет. По неговото бегство во Индија, Далај Лама формирал и влада во егзил во градот Дарамсала во Индија. Овој град често се нарекува и „Мала Ласа“.
По формирањето на владата во егзил него го следеле околу 80.000 бегалци. Тој формирал тибетски образовен систем со цел тибетските деца да се стекнат со познавања од јазикот, историјата, религијата и културата. Тој го формирал и Тибетскиот институт за применети уметности во 1959 година, а истата година бил формиран Централниот институт за високо тибетско образование којшто е првиот тибетски универзитет во странство. Тој исто така им дал подршка на 200 манастири, а го ширел будистичкото учење надвор од Тибет и се залагал будизмот да биде основа на секојдневниот живот на Тибетанците.
Далај Лама апелирал и до ОН со прашањето за Тибет. Како резултат на овој апел Генералното собрание на ОН донело 3 резолуции во 1959, 1961 и 1965 година. Со овие резолуции се бара од Кина да ги почитуваат човековите права на Тибетанците и нивната национална самоопределба. Во 1963 година, Tенцин Гјатсо донесол устав изграден врз основа на Универзалната декларација за човекови права. Тибетскиот парламент во егзил го избираат тибетските бегалци низ целиот свет,а тибетанската влада во егзил ја избира тибетскиот парламент во егзил.
Во 1987 година во Вашингтон, Далај Лама го претставил својот план со 5 точки со којшто се заштитува идниот статус на Тибет. Со планот се планира Тибет да стане „зона на мирот“ и да се спречи доселувањето на кинеската етничка заедница Хан во Тибет. Овој план претставува „почит за основните човекови права и демократската слобода“ и „крај на кинеската корист од Тибет во производството на нуклеарно оружје, негово пробно фрлање и негова диспозиција“. Конечно,за овој план се дадени „непосредни негирања“ за иднината на Тибет.
Четиринаесеттиот Далај Лама, Тенцин Гјацо претставил сличен план и во Стразбур на 15 јуни 1988. Тој го искористил својот план од минатата година и додал дека работи на создавање на самоуправен демократски Тибет „во заедница со Кина“ .Овој негов нов план бил одбиен од владата во егзил во 1991 година.Во октомври 1991 година,тој не ни обрнал внимание на состојбите со кинеската локална влада. Кај него останала желбата да се врати во Тибет, но како што ќе каже тој „кинеските власти тоа не го претпостават што е одмана одбиено“.
На 6 јули 2005, Тенцин Гјацо го прослави својот 70-ти роденден на којшто присуствуваа околу 10.000 тибетски бегалци, монаси и туристи. Патријархот на руската православна црква Алексеј II рекол:
- „Признавам дека руската православна црква многу ги цени добрите односи со следбениците на будизмот и се надевам на нивен длабок развој“.
[уреди] Учителските активности
Далај Лама практично е ѕонгчен којшто има извршено голем број на религиозни предавања во јавноста. Тој има учителствувано и во Калачакра.
Во февруари 2007, Далај Чама е именуван во истакнат професор на универзитетот Ејмори во Атланта, САД. Ваквата негова активност е резиултат на Ејмори-тибетанското партнерство од 1998 година. Како истакнат професор,тој:
- ќе овозможи можности за создавање на универзитретски сојузи со членови коишто ќе ги пренесуваат неговите учења.
- ќе го посети универзитетот Ејмори со цел учество во програмата и
- ќе продолжи Ејмори-тибетанското партнерство, а тој ќе одржува предавања и низ многу други универзитети во светот, а и во Дарамсала.
Тенцин Гјацо има посетено уште голем број на универзитети во светот во текот на 80-тите година на 20 век на коишто има предавано,а благодарение на овие негови активности во 1989 година тој ја доби Нобеловата награда за мир.
[уреди] Меѓународни односи
Од 1967 година,Далај Лама има посетено 46 земји. Неговите посети главно се на религиозна основа. Во 1973 година тој се сретнал со папата Павле VI во Ватикан, а во 1980 тој се сретнал за прв пат и со папата Јован Павле II со којшто се има сретнато и во 1982, 1986, 1988, 1990 и 2003.
Во 1990 во Дарамсала тој се сретнал со неколку еврејски учители со коишто разговарал за меѓурелигиозните односи. Далај Лама го посетил и Израел 3 пати, а во 2006 имал средба со главниот рабин во Израел. Во истата 2006, тој имал средба и со папата Бенедикт XVI. Тој се има сретнато и со претставници на православната црква, протестантската, англиканската, како и со претставници на исламската религија и многу други религиозни личности.
За време на носењето на олимпискиот факел, во чест на ЛОИ во Пекинг 2008, Далај Лама на 10 април 2008 ја посетил Јапонија на неговиот пат за САД и организирал протести насочени кон Кина. Протестите биле особено масовни во Франција и САД. За време на носењето на факелот по улиците на Париз поради масовните протести тој бил изгаснат. Јапонската влада не се заинтересирала многу за разликите на Далај Лама со кинеските власти.
[уреди] Филантропските напори на 14-от Далај Лама
Четиринаесеттиот Далај Лама, Тенцин Гјацо е и голем подржувач на СОС детските села. Тој често ги посетува селата, а имал и добри односи со идеологот на ваквиот проект Херман Гмајнер, а денес е голем пријател на Гмајнеровиот наследник Хелмут Кутин.
[уреди] Политичката активност на Далај Лама
Далај Лама не е само религиозен водач, туку и политички. По ратификацијата на Седумнаесетте точки за слободата на Тибет во 1951 година, неговите браќа во Калимпонг, Индија помогнати од индиската влада организирале движење за независност коешто се проширило во провинциите Амдо и Кам во 1956 година, а потоа и во централен Тибет, меѓутоа подоцна не било во можност да и се спротивстави на кинеската војска, па силите на движењето се повлекле кон Непал. Во ова движење својата подршка ја дал и Тенцин Гјацо. Желбата за демократска автономија на Тибет оттогаш трае и до денес.
Во 2005 и во 2008, Далај Лама се смета дека е меѓу 100-те највлијателни луѓе во светот.
На 22 јуни 2006, тој престојувал во Канада каде што парламентот на Канада го прогласил за почесен граѓанин на Канада. Ова во Канада било усвоено по трет пат. Пред Далај Лама за почесни граѓани на Канада се прогласени само Раул Валенберг во 1985 и Нелсон Мандела во 2001.
Во септември 2006 тој бил одликуван и со златен медал од конгресот на САД, којшто е највисока награда на владата на САД за постигнувањата во правото.
Во јуни 2007 година тој беше во посета на Австралија и притоа отпатувал во Перт, Бендиго, Мелбурн, Џилонг, Сиднеј, Канбера и Бризбен.
И покрај протестите во Кина, германскиот канцелар Ангела Меркел се сретнала со Далај Лама на 25 септември 2007. Средбата била окарактеризирана како „приватни и неформални разговори“ и било спречено отплеткувањето на јазолот во трговските односи со Кина. Како протест на овој претсој на Далај Лама во Германија, кинеската делегација ја откажала средбата со германските дипломати меѓу кои и гермаснкиот министер по право Бригите Цајприс.
Британскиот новинар Кристофер Хајченс го критикувал Далај Лама во 1998 година поради неговата наводна поддршка на пробното фрлање на индиското нуклеарно оружје.
Претходник: Тубтен Гјатсо |
Реинкарнација на Далај Лама | Наследник: - |
|