Света Луција
Од Википедија, слободна енциклопедија
Saint Lucia Света Луција
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Мото: „Земјата, народот, светлината“ | ||||||
Химна: Синови и ќерки на Света Луција |
||||||
Главен град (и најголем град) |
Кастри |
|||||
Официјални јазици | Англиски | |||||
Демоним | Луциски | |||||
Облик на управување | Парламентарен систем и Уставна монархија | |||||
- | Кралица | Елизабета II | ||||
- | Гувернер | Дам Перлет Луси | ||||
- | Премиер | Стефенсон Кинг | ||||
Независност | ||||||
- | од Обединетото Кралство | 22 февруари 1979 | ||||
Површина | ||||||
- | Вкупно | 620 km² (193та) 239 mi² |
||||
- | Вода (%) | 1,6 | ||||
Население | ||||||
- | 2005 попис | 160.765 | ||||
- | Густина | 298/km² (41ва) 672/mi² |
||||
БДП (ПКМ) | 2002 проценка | |||||
- | Вкупен | $866 милиони (197ма) | ||||
- | На жител | $5.950 (98ма) | ||||
ИЧР (2007) | ▲ 0,795 (среден) (72ра) | |||||
Валута | Источнокарипски долар (XCD ) |
|||||
Часова зона | (UTC-4) | |||||
Интернет домен | .lc | |||||
Повикувачки број | +1 758 |
Света Луција е островска нација во источното Карипско Море на границата со Атлантскиот Океан. Дел од Лезер Антилите, лоцирана е северно од островите Свети Винсент и Гренадини, северозападно од Барбадос и јужно од Мартиник. Исто така Света Луција е позната како „Елена од Карипските Острови“ затоа што беше често менувана под британска и француска контрола па така е поврзана со митската Елена од Троја.
Света Луција е меѓу Виндвард Островите, и е наречена по Света Луси. Прво била посетена од Европејците околу 1500 година а прво колонизирана успешно од Франција што потпишала спогодба со домородското население од Карибите во 1600. Обединетото Кралство превзело контрола врз островот од 1663 до 1667 година и потоа се случило војна со Франција за Света Луција околу 14 пати и конечно во 1814 Обединетото Кралство превзело целосна контрола врз Света Луција. Претставителната влада се создала во 1924 година и од 1958 до 1962 година беше член на Федерацијата на Карипски Острови. Конечно, на 22 февруари 1979, Света Луција стана независна држава во Комонвелтот на Нациите. Луѓето од Света Луција го прославуваат овој ден секоја година како национален празник.