Гендун Друп
Од Википедија, слободна енциклопедија
Гендун Друп 1391 -1474 |
|
---|---|
Име: | Гендун Друп, Првиот Далај лама |
Роден: | Тибет |
Школа/традиција: | Гелуг |
Гендун Друп (1391-1474) е првиот Далај лама, а со тоа и првиот владетел на Тибет којшто според будизмот се смета дека е реинкарнација на Авалокитешвара, Бодхисатва во сожалување.
Гендун Друп е син на племенски номади коишто уште од детството го израснале својот син по пасиштата. Вистинското име на Гендун Друп е Пема Дорје. Уште од 7 години тој бил овчар, а по неколку години заминал во манастирот Нартанг кадешто по долг престој станал еден од најценетите свети учители во земјата. Негов ушител бил неговиот чичко Је Цонгкапа којшто бил еден од најдобрите свети учители и реформатори.
Се вели дека Палден Ламо, женскиот заштитнички дух на светото езеро Ламо Ла-тсо му ветила дека ќе ја заштити реинкарнацијата на Далај лама. Вториот Далај лама Гендун Гјатсо го формирал системот на будистички свештеници коишто оделе да медитираат таму.
Во 1447 Гендун Друп го формирал значајниот манастир Ташилхунпо кај Шигатсе којшто подоцна станал седиште на вториот по ранг лама, Панчен лама.
Гендун Друп немал политичка моќ. Таа била сконцентрирана во рацете на будистичкото училиште Сакја, принцот од Цанг и монголскиот кан. За прв пат политичка моќ еден Далај лама добил со владеењето на петтиот Далај лама Лозанг Гјатсо.
Гендун Друп има напишано и неколку дела, а најпознати се:
- Сончевата светлина на патот до слободата, комаентар за Абидама-коса.
- Уништувајќи ги силите на злото до правта, поема за животот и делото на Буда Сакјамуни.
- Песна на источната снежна планина, поема посветена на Је Цонгкапа.
Претходник: Бодхисатва Авалокитешвара |
Реинкарнација на Далај лама | Наследник: Гендун Гјатсо |
|