Аполодор Дамаски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Аполодор Дамаски или Аполодор од Дамаск бил старогрчки инженер, архитект, дизајнер и скулптор од 2 век н.е. Тој бил омилен на Цар Трајан, за кој го изградил Трајановиот мост преку Дунав за 104-тиот поход во Дакија. Тој исто така испланирал гимназиум, колеџ, јавни бањи, Одеумот и Трајановиот форум и Трајановиот столб во градот Рим. Тој ги дизајнирал и триумфалните арки во Беневентум и Анкона. Се смета и за архитект на Пантеонот.
Трајановиот столб, во средиштето на форумот, бил прочуен по тоа што бил првиот триумфален споменик од тој вид. На крунисувањето на Адријан, чии архитектонски и уметнички дела Аполодор ги исмејувал, тој бил истеран од Рим, а накратко потоа, бил обвинет за измислени злодела и убиен (Дион Касиј lxix. 4). Тој напишал и трактат на тема Опсадна машинерија (Πολιορκητικά), посветен на Адријан.
[уреди] Наводи
- Оваа статија содржи текст од единаесеттото издание на Енциклопедијата Британика, публикација сега во јавниот домен.
- James Grout: 'Apollodorus of Damascus,' дел од Encyclopædia Romana