Николај Васиљевич Гогољ
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Николај Васиљевич Гогољ (Сорочинци, Полтава, 31 март 1809 - Москва, 4 март 1852), (руски: Никола́й Васи́льевич Го́голь) е руски книжевник, писател, хуморист и сатиричар.
Прв пат се појавил во списанието Туѓински записи (1830) со своите романтично-фолклорни раскази. Набрзо ги собрал симпатиите на читателите и литературната критика. Подоцнежните негови приказни се погорки, но поживи, а романтични само во фаталистичкото помирување со судбината и инспирирани од секојдневието. Продукт на овој период од творештвото на Гогољ е Тарас Буљба, дело во кое авторот е понесен со романтичарското восхитување спрема слободољубието, чистољубието и родољубието на своите козачки предци. Кариеристи, подмитувачи, ситни крадливци на туѓото време и труд, пијани насилници и оние кои во пијалокот ја топат тагата влегле во неговото дело и оживеале големо внимание од спахиска Русија низ поемата Мртви души и комедијата Ревизор. Неговите јунаци Манилов, Собакевич, Ноздрјов, Хлестаков, Акакије Акакјевич Башмачкин, Чичиков и други постанале поими. Подоцна, престрашен од ужасите кои во неговите литературни дела верно ја отсликувале Русија, почнал да се кае пред себе и општеството и ја напишал книгата Избрани места од преписките со другарите. Тој без успех се обидувал на мрачната слика на Русија и фрли светли тонови и да создаде позитивни јунаци. Рака за спас му пружил Белински во прочуеното писмо и се обидел да го спречи да се удави во сопствениот очај. Тоа било залудно; неколку денови пред смртта, Гогољ го уништил ракописот за вториот том од Мртви души.
Гогољовото дело пресудно влијаело на развитокот на руската уметничка проза; на основите на неговите литературни постапки, Белински ги формулирал принципите на т.н. натурална школа во руската литература. Чернишевски го сметал за основач на "сатиричниот, или поточно критичкиот правец на рускиот реализам", доминантен во руската литература во XIX, како и на почетокот на XX век.
Содржина |
[уреди] Останати дела
- Вечери на чифлигот покрај Диканка
- Миргород
- Арабески (раскази)
- Женидба (комедија)
- Тарас Буљба
- Мртви души
- Ревизор.
[уреди] Живот и дело
Големиот руски писател Николај Василјевич Гогољ се родил на 20 март (1 април по нов стил) 1809 година во местенцето Сорочинци,Миргородски округ,Полтавска губернија.Основното образование го добил дома,и во 1818 година отишол да учи во Полтава.Во 1821 година во Нежин се отворила,,гимназија на вишите науки’’ па Василиј Афанасјевич, инаку мошне културен човек, го запишал сина си таму.по свршувањето на гимназијата во 1828 година Гогољ оди во Петербург, но и покрај сите препораки не може да најде соодветна служба.Разочаран од рамнодушната и ситничавоста на животот во престолнината, а притоа и депримиран од неуспехот на својот литературен првенец, поемата ,,Ханс Кихелгартен’’,чии нерасспродадени примероци ги откупува и ги запалува,Гогољ заминува во странство, но по два месеца се враќа во Петербург. Откако не успева да стапи во Александрискиот театар, при крајот на 1829 година наоѓа служба монотон, но затоа ќе му послужи како извор на теми и ликови за некои од неговите идни дела. Во тоа време ги објавува и првите раскази со кои го привлекува вниманието на јавноста. Потоа ќе работи како домашен учител, па како професионален писател, едно време е доцент по историја на петербуршкиот универзитет, а по неуспехот на својата универзитетска кариера заминува во странство. За ова време издава неколку збирки раскази - ,,Вечери на хуторот кај Дикањка’’, ,,Миргород’’, ,,Арабески’’, играна му е комедијата ,,Ревизор’’.Кога во 1841 година одниво се враќа во Русија, неговото капитално дело ,,Мртви души’’ е скоро завршено.Првиот том излегува во мај 1842 година и предизвикува општествени бранувања како и изведбата на “Ревизор”.Погресивниот дел на јавноста, на ќело со највидните претставници на општествената и литературната мисла на Русија од тоа време, е воодушевен.Реакцијата не одбира средства на нападите. Гогољ,инаку со нежна психофизичка конституција, тешко го поднесува тоа, и одново заминува во стрнатсво, сега на подолго време. Во неговиот концепт “Мртви души требале да бидат триологија.Меѓутоа, својата замисла тој никогаш не ја остварил. Во странство напишува многу глави од вториот том, но во состојба на физичка исцрпеност и душевна криза, во 1845 година ги изгорува.Се повеќе го обзема мислата дека излезот од општественото зло може да се најде само во религијата, во личното морално усовршување, и како резултат на тие сфаќања во 1847 година се појавува книгата “Одбрани места од преписката со пријателите”, која предизвикува остра реакција меѓу напредните луѓе и која е повод Белински да го напише своето прочуено “Писмо од Гогољ”.Веќе славниот писател болно го прима таквиот одзив и следната година се враќа во Русија, со намера подобро да ја запознае и да го заврши вториот том на “Мртви души”.Кон крајот на 1851 година ракописот на вториот том е завршен.Меѓутоа,физичката болест и душевната исцрпеност го доведуваат до тоа, една февруарска ноќ да стане од постела и да го изгори напишаното.Токму десет дена по тој трагичен чин, на 21 февруару 1852 година, Гогољ умира. Закопот бил величествен. “Сета Москва беше на печален празни”, си спомнува еден од неговите современици. Гогољ го засакал театарот уште во најраните детски години. На имотот од богатиот помешик Трошчински, далечен роднина на мајка му, кај кого често одело на гости Гогоеловото семејство, постоел еден вид домашен тетар , во чии претстави учествувал, во својство на режисер и актер, и таткото на големиот писател – Василиј Афанасјевич, кој, освен тоа, пишувал и комедии на украински јази.Ние не знаеме дали и малиот Николај учествувал, во овие претстави, но извесно е дека подоцна , во Нежинската гимназија, играл, режирал и правел сценографии за училишниот театар. Тој и подоцна, по првите литературни обиди, ќе смета дека театарот е негов животен позив, дури и ќе се јави на адуција на Александрискиот театар во Петербург, но не успевајќи во својата намера, ќе и се врати одново на литературата. Меѓутоа, ако не успева да стане актер, тој својата страст спрема театарот ќе ја реализира во комедиите, што претставуваат фундамент на руската класична драматургија. Уште во 1833 година Гогољ ја започнал својата прва комедија – “Владимир 3-та степен”, - но не ја завршил бидејќи сфатил дека “перото се закажува токму на оние места кои цензурата ни за што нема да ги пропушти. А што вреди ако пиесата нема да се игра?” Наоѓајќи се пред таква дилемма, тој ја напушта замислата и се враќа кон прозата. Но веќе по две години, во почетокот на октормври 1835, го моли Пушкина да му даде сиже за комедија. Пушкин му излегува во пресрет на својот помлад пријател (нешто прд тоа му дал сиже за и за “Мртви души”), и веќе во декември истата година комедијата “Ревизор” е завршена. Во почетокот на 1836 година Гогољ ја чита комедијата во домот на поетот Жуковски, каде присуствувал и Пушкин. Впечатокот кај присутните бил блескав; Пушкин за сето време “се превиткувал од смеа”.Останувајќи доследен на својот стаб дека дна пиеса мора да биде играна на сцена, Гогољ направил постапки за изведба на “Ревизор”. Цензурата не дозволува изведување на комедијата и благодарејќи само на заземањето на Жуковски, кој успеал да издејствува читање пред царот, таа била ставена на репетоар.Приемната изведба “Ревизор” е одржала на 19 април 1836 година на Александрискиот театар во Петербург, во оној ист театар каде што Гогољ неколку години пред тоа сакал да стапи како актер. Публиката била шокирана: едни остро го напаѓале авторот, други, главно помладите, воодоошевено го фалеле. Во реакциониот печатсе надале жестоки повици, обвинувања дека без потреба и без цел ги прикажувал “опачините на животот”. Гогољ преживувал тешки моменти, речиси душевна траума. Неговото слабо здравје не можело да го издржи тоа, и тој, по совет на лекарите, решил да замине во странство, каде по половина година тешко ќе го потресе веста за трагичната смрт на Пушкин, без чиј совет, според неговите зборови, “ништо не преземал, ништо не пишувал”.
[уреди] Комедијата “Ревизор”
Комедиата “Ревизор” е извондредна карикатура и жестока сатира на руското провинциско чиновништво во триесеттите години на минатиот век, во која е исмеа, всушност, целокупниот бирократско - чиновнишки поредок на тогашната Русија. “Во Ревизор се решив да го соберам на еден куп сето она што го сметав тогаш во Русија, сите несправедливости што се прават на оние места и во оние случаи, каде од човека се бара повеќе од се справедливост, и одеднаш да се потсмевнам над сето тоа”, - ќе си спомни подоцна Гогољ. Таквата намера на авторот морала да доведе до раскршнување на традиционалните шеми. Во комедијата нема љубовна интрига, нема централен херој – таков херој е чиновничкиот сталеж, составен од грабачи и лицемери, груб ии беспошедни спрема посалбите, а страшливите и понизни пред посилните, една маса што не може да помине низ филтерот на човечкото достоинство.Предводник на таа маса, на тоа провинциско беззаконие, е градоначалникот.Тој е мошне итар и опитен, ги знае сите врвици на плодоста и нечесноста, самиот вели дека успевак да излаже “никаквеци над никаквеците”. Примањето поткуп е за него нормална работа – “тоа од самиот Бог е наредено”.Спрема граѓаните се однесува грубо, ги понижува на секој чкор, но затоа спрема претпоставените, за еден од кои ги смета Хлестакова, настојува да се покаже како примерен чиновник кој не е како другите градоначалници и чиновници што “се грижат најмногу за својата т.е. полза”.Неговата животна цел е да стане генерал, што ќе му овозможи да се прошири кругот на потчинетите, спрема кои ше може деспотски да се изживува. Судијата Лјапкин-Тјапкин е втор по ранг во таа провинциска бирократска хиерархија.Поради тоа штп прочитал неколку книги се смета за образован човек.Прима како мито ловеч ки кучиња и повеќе мисли на ловот отколку на службата.Управникот нап оштата Шпекин ужива да отвора туѓи писма; раководителот на болницата Землјаника воопшто не се грижи за жалната состоба на нему поверената установа, во која болните умираат како муви. И другите чиновници повеќе или помалку заборавиле на своите општествени и службени обврски. Спокојството на тој самовластен “поредок” го нарушува доаѓањето на една непозната личност, која сите, свесни за своите постапки и службени безодговорности, ја земаат за ревизор.Всушност, стравот од одговорноста е причина еден површен и лекомислен жовек во нивната претстава да добие димензии на ревизор од репстолнина, зашто Хлестаков, дури откога видува дека му се дала шанса да изигра улога на која се надевал, но која сосема му одговора, го раздиплува карактерот на својата личност.Тој почнува да лаже, но често и самиот верува во она што го вели. “Тој лаже со чувств.Тоа е најубавиот, најпоетскиот миг во неговиот живот”.Одличен импровизатор, тој многу вешто ја искористува шансата.Така, исмевајќи го деспотско – бирократскиот поредок во Русија во првата половина од минатиот век, Гогољ создал и еден тип што може да се сретне во сите времиња. Комедијата “Ревизор” го издржала најтешкиот испит за едно уметничко дело – испитот на времето.Таа и денес, по повеќе од век и пол, е постојано присутна во театарскиот репертоар, и не само на сцените во Советскиот Сојуз.Зашто лицемерието, корупцијата, бирократското самоволие, “хлестаковската” површност и лекомисленост, што често имаат успех во животот - се уште не изчезнале и во ова наша цивилизирана епоха.
[уреди] Раскази
Кога се говори за делото на Н.В. Гогољ, вообичаено е првиот збор со којшто ќе се сврзе неговата проза да биде – реализам.Гогољ е еден од најголемите руски реалисти, се разбира, доколку се изземе Лав Николаевич Толстој. Затоа, кај руските писатели и ден-денес е одомаќена изреката: “Сите ние излеговмеод под “Шинелата” на Гогољ”. Се мисли тука на подолгиопт расказ “Шинела”, која и ден-денес претставува класично дели на рускиот реализам. Од тој реализам на Гогољ поникнаа подоцнежните руски писатели: доцни реалисти и модернисти. Од тој Гогољев реализам се род ии еден Достоевски, кој од Гогољ ја наследи не само смислата за реалистичното, туку и отклонувањата од реалистичкиот факт кон анализата на душевниот живот на своите ликови, па дури и страста за разгледувањето на мрачните страин на човековата душа. Сето тоа може да се покаже врз трите ракази од Гогољ: “Нос”, “Портрет” и “Шинела”.Тие раскази многу добро го илустрираат фактот дека реализмот на Гогољ е специфичен по некои свои особини на кои треба д аим посветиме малку внимание. Тие особини, всушност најавуваат дека со Гогољ реализмот ја доживува својата кулминација (како во”Шинела”), но и дека покажува некои интересни осовременувања и доближувања до фантастиката и модернизмот.