Web Analytics

See also ebooksgratis.com: no banners, no cookies, totally FREE.

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Желка - Википедија

Желка

Од Википедија, слободна енциклопедија

Желки
Фосилен опсег: тријас - денес
Зелена морска желка, Chelonia mydas
Зелена морска желка, Chelonia mydas
Научна класификација
Царство: Животни
Тип: Хордати
Класа: Влечуги
[Ред (биологија) Testudines
Лине, 1758
сино: морски желки, црно: копнени желки
сино: морски желки, црно: копнени желки
Подредови
Cryptodira
Pleurodira
Глава на точкастата желка (Chelydra serpentina).
Глава на точкастата желка (Chelydra serpentina).
Кутијна желка, Terrapene carolina major
Кутијна желка, Terrapene carolina major
Кожногрбна морска желка, Dermochelys coriacea
Кожногрбна морска желка, Dermochelys coriacea
Желка Eretmochelys imbricata
Желка Eretmochelys imbricata

Желката е животно кое припаѓа во класата на влечуги (рептили). Се карактеризира со коскен или кожен штит, односно оклоп. Секој рептил со оклоп може да се нарече желка, но во Северна Америка често се користи зборот тортоиз за да се означат членовите на една фамилија од желки кои живеат целосно на копно.

Желките се древни животни форми кои најпрво се појавиле на Земјата за време на тријасот, кој траел од пред 240 до 205 милиони години. Желките ги преживеале катастрофите кои ги истребиле диносаурусите и многу други суштества при крајот на мезозоикот од пред околу 65 милиони години. Најраните познати фосилни желки биле слични со желките кои живеат и денес. Најраните желки имале заби, за разлика од денешните желки кои се без заби и ги користат острите вилици за да ја гризаат храната. Исто така, раните желки ја немале способноста да ја повлекуваат главата во оклопот.

Постојат околу 270 живи видови на желки кои се групирани во 12 или 13 фамилии. Овие фамилии се класифицираат во два подреда: желки кои ги заштитуваат своите глави со извиткување на својот врат, при што тој се вметнува во оклопот и желки кои директно ги вметнуваат главите во оклопот. Првите се наоѓаат само во Јужна Америка, Африка и Австралија, како и во блиските острови. Вторите се пораспространети од првите. Во нив спаѓаат сите претставници кои живеат во океаните, како и оние од слатководните басени на Северна Америка, Европа и Азија и копнените желки. Морските желки, како и неколку други видови на желки, се сметаат за членови на вториот подред, иако целосно неможат да ги вовлечат главите.

Желките го населуваат секој континент освен Антарктикот. Живеат во различни живеалишта, како бари, реки и океани; шуми и степи; а дури и во пустини. Како и сите денешни рептили, желките се ектотермни - ладнокрвни животни чија телесна температура е под влијание на надворешната средина. Поради ова, желките се најраспространети во топлите тропски и субтропски клими. Источна Северна Америка, меѓутоа, е дом на многу видови на желки иако во неа владее умерена клима.

[уреди] Физички опис

Желките варираат значително во големина. Најголемата светска желка е големата кожногрбна морска желка и таа достигнува должина на оклопот од 240 cm и може да тежи повеќе од 900 kg. Џиновските копнени желки од островите Галапагос близу Јужна Америка и оние од островот Алдабра, близу источниот африкански брег, можат да достигнат околу 130 cm во должина. Најголемата северноамериканска слатководна желка е алигаторската желка, која достигнува должина на оклопот до 80 cm. Меѓу најмалите желки се американските калливи и мошусни желки, кои се распространети од Канада па до Јужна Америка. Должината на оклопот кај многу видови во овие групи е помалку од 13 cm. Други мали желки се ретката барска желка од источен САД, со 11 cm; и точкастата желка од Јужна Африка, чиј оклоп е само 10 cm долг.

[уреди] Физиологија

Желките дишат воздух со помош на бели дробови (како и другите рептили и копнени ‘рбетници). Бидејќи ребрата на желките се дел од оклопот, тие неможат да ги придвижуваат ребрата за да ги прошируваат или смалуваат белите дробови. Наместо тоа, желките најизменично експандираат и контрахираат различни групи на мускули, вклучувајќи ги и тие во нивниот абдомен и оние над предните и задните нозе, за таа цел. Кога овие мускули се експандираат, достапен е помал простор и белите дробови се компресирани, дозволувајќи и на желката да издиши. Воздухот се вдишува како што овие мускули се контрахираат за да овозможат поголем простор во кој белите дробови можат да се шират. Многу водни желки остануваат под водата за период од неколку часови до неколку денови, а и многу месеци за време на зимската хибернација. Многу желки се способни да земат кислород од водата преку линиите на устата, гркланот и преку клоаката, како и преку кожата. Но, кога водните желки се активни, тие мора да отидат до површината периодично за да земат воздух со нивните бели дробови.

Како и повеќето рептили, со исклучок на крокодилите и нивните блиски роднини, желките имаат срце со три компартмани. Желкиното срце дејствува речиси како да е четириделно, но комората има непотполна преграда. Оваа преграда оневозможува крвта која примила кислород од белите дробови да се меша со редуцираната крв.

Во дигестивниот систем на желката, храната поминува од устата низ цевковиден хранопровод во желудникот, каде започнува дигестијата. Од желудникот, храната оди во цревата каде хранливите мономери се ресорбираат во крвта. Отпадните материи од цревата се исфрлаат во клоаката, откаде го напуштаат телото. Желките имаат и уринарен систем кој ги филтрира екскретите од крвта и ги спроведува до клоаката.

Желките имаат централен нервен систем и добро развиен мозок. Тие имаат остри сетила со кои се ориентираат во средината. Повеќето желки имаат остар вид и можат да распознаваат нијанси и бои. Очите на морските желки се адаптирани за подводно гледање, а можат да гледаат само на кратки растојанија кога се на копно. Голем број желки имаат добар осет за мирис. Оклопот и кожата на желките се чувствителни на допир. Можноста на желките да слушаат звуци кои патуваат низ воздухот е ограничена на ниски фреквенции, но тие можат да осетат вибрации пренесувани низ земјата или водата.

Static Wikipedia (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2006 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu

Static Wikipedia February 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu